Голема аматерска авто-мото трка низ Европа

  1. Оваа трка се вози низ патиштата во Европа.
  2. Секоја трка, стартот и крајот на трката ќе бидат во различни градови во Европа.
  3. Овогодишната трка започнува на 01.10.2009 година.
  4. Стартот е во Талин (главниот град на Естонија), а крајот е во Лисабон (Португалија). За хотелот од Талин од каде ќе започне трката ќе бидете информирани 30 дена пред трката.
  5. Во ова трака треба да дојде до израз издржливоста , снаодливоста, упорноста и хуманоста на натпреварувачите.
  6. Голем процент од уплатените средства ќе бидат донирани во клиниките за детски болести. И тоа во оне клиники на кои парите им се навистина потребни.
  7. Наградата е 50% од уплатените средства.

Правила на трката

  1. Во оваа трка право на учество имаат сите жители на оваа планета со своите или позајмени автомобили, џипови и мотори.
  2. Натпреварувачите ќе бидат поделени во две категории. Во една категорија ќе се натпреваруваат автомобили и џипови, а во другата категорија моторцикли.
  3. Првиот што ќе стигне до целта е победник.
  4. Победници ќе бидат двајца, по еден од секоја категорија.
  5. Победниците ќе освојат парична награда која ќе изнесува половина од вкупно уплатетените пари по категорија.
  6. Нема ограничување на староста, снагата и типот на возилата и моторциклите.
  7. Возилата и моторциклите не смеат да бидат рачна изработка. Мора да имаат број на каросерија и број на мотор.
  8. Забрането е менување на возилото во текот на трката. Со возилото со кое е започната трката, со истото мора да се извози целата трка.
  9. Бројот на натпреварувачи не е ограничен.
  10. Екипажот на возилото не смее да брои повеќе од два члена.
  11. Членовите на екипажот не смее да се менуваат во текот на трката. Членовите кои ја почнале трката, истите треба да возат се до целта на трката.
  12. Секој учесник сам си ги снесува трошоците за припрема, гориво, патарина, дефект и друго.
  13. Секој учесник е должен да ги чува сметките од платена патарина кои ги платил за време на трката и истите треба да ги предаде на организаторот, во спротивно ќе биде дисквалификуван.
  14. Секој натпреварувач сам си одредува по кој пат ќе вози и со колкава брзина.
  15. Ако некој од натпреварувачите направи сообраќајна несреќа или друг прекршок за време на трката, организаторот не сноси никаква одговорност.

Пријавување за учество во трката

  1. Пријавувањето за учество во оваа трка се врши преку интернет (on-line).
  2. Пријавувањето завршува 30 дена пред стартот на трката, односно до 31.08.2009 година.
  3. Ве молиме да ги напишете точно вашиот е-маил и телефонски број за да можеме да ве известиме за евентуални новости или промени во врска со оваа трка.
  4. Сите натпреварувачи треба да пристигнат во Талин најдоцна до 30.09.2009 година во хотелот кој организаторот ќе го објави на оваа веб страница или на вашата е-маил адреса најдоцна до 15.09.2009 година.
  5. Во хотелот ќе ви биде платена соба за двајца за една ноќ и паркинг место за вашето возило.
  6. Секој од натпреварувачите има право да одреди свој човек кој ќе ја следи регуларноста на оваа трка. Трошоците за него сами си ги плаќате.
  7. За да стекнете право на учество во оваа трка мора да уплатите 1000 € по возило/моторцикл.
  8. Уплатата може да ја извршите преку банка на нашата сметка: со назнаkа RACE BY EUROPE.
  9. Потврдата од извршената уплата ќе ја испратите на организаторот на тел./факс број + 389 42 241118, а оргиналот директно на организаторот во Талин пред почетокот на трката.
  10. Ве молиме да ги наведете точните податоци, во спротивно нема да имате право на учество.
  11. Секоја промена на вашите податоци можете да ја направите најдоцна 7 дена пред почетокот на трката.